Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 964.639 лицa заразени со новиот коронавирус.

Од нив починати се 49.242, а оздравеле 203.274 луѓе.

Од половина од човештвото е побарано да остане дома поради пандемијата на новиот коронавирус.

Бројот на смртни случаи во Холандија се зголеми за 166 на 1.339, соопштија здравствените власти, а бројот на заразени е зголемен за осум отсто на 14.697.

Италиjaнскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ соопшти дека почнал да произведува маски и медицински визири.

Автоиндустријата во Романија сака да учествува во производство на опрема и медицински производи, како маски, комбинезони и средства за дезинфекција, и ќе учествува во проект за создавање на респиратор, наменет за болните од Ковид-19.

Франција ќе национализира стратешки компании, ако е неопходно, за да ги заштити од влијанието на кризата со коронавирусот.

Американската агенција за кризни ситуации (FEMA) нарача од Министерството за одбрана 100.000 вреќи за тела. Во САД се очекуваат меѓу 100 и 200 илјади починати од коронавирусот.

Девет водечки европски универзитетски болници предупредија дека за две недели ќе недостасуваат основни лекови за лекување на пациенти кои се тешко болни од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски