Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 885.346 лицa заразени со новиот коронавирус.

Од нив починати се 44.214, а оздравеле вкупно 185.215 луѓе.

„Пандемијата на коронавирусот го намали загадувањето на воздухот во светот, но малку ќе влијае на заштитата на климата“, предупреди претставник на Светската метеоролошка организација.

Германија ќе ги продолжи мерките против ширењето на новиот коронавирус до крајот на велигденските училишни празници, односно до 19 април.

Во Швајцарија во последните 24 часа се регистрирани 963 новозаразени случаи со Ковид-19, бројот на смртни случаи во САД од коронавирусот надмина 4.000 лица.

Според последните податоци во Белгија за едно деноноќие починале 123 луѓе, во Холандија 134, во Австрија 18, во германија 27, во Португалија 27, а во Шведска 59.

Сенегал соопшти за првиот смртен случај од Ковид-19 во земјата. Папе Диуф, поранешен претседател на францускиот фудбалски клуб Марсеј и некогашен спортски новинар, почина од инфекција со коронавирус.

Јапонија ја продолжи забраната за влез на патници од 73 земји и регионот, со цел да го спречи ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски