Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.284.780 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 70.328, а оздравеле 271.782 луѓе.

Во Шпанија 637 луѓе починале од коронавирусот во изминатите 24 часа, вкупно 13.055 лица досега, соопшти Владата. Шпанија се најде на второ место според бројот на смртни случаи во светот, по Италија.

Индонезија денеска соопшти дека во земјата се потврдени 218 нови случаи на заразени со коронавирусот, што е најголем дневен скок откако се пријавени првите случаи пред еден месец. Така, вкупниот број на заразени со вирусот е зголемен на 2.491

Шефот на Оделот за јавно здравје на САД, Џером Адамс, денеска го спореди терористичкиот напад од 11 септември 2001 година и нападот врз Перл Харбор со она што ги очекува Американците во следната недела за борба против коронавирусот . Тој посочи дека ова ќе биде најтешкиот момент во животот за многу Американци.

Швајцарија, која ја укина практиката за складирање алкохол за можни вонредни состојби пред две години, се соочува со недостиг на оваа суровина и средства за дезинфекција поради тоа.

Бројот на потврдени случаи на инфекција со новиот коронавирус во Романија се искачи на 4.057 лица, соопшти денеска Групата за стратегиска комуникација. Борјот на смртни случаи е 157.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски