Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот: Заразени вкупно 2.185.298 лица

Од:

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.185.298 лица. Од нив починати се 146.928, а оздравеле 553.323 луѓе.

– Смрт од коронавирус е најчеста кога пациентот има срцеви болести и деменција. Податоците собрани во Велика Британија во март укажуваат на тоа дека на најмголем ризик од смрт од Ковид-19 се лицата кои страдаат од срцеви заболувања, потоа деменција, воспаление на белите дробови и хронично опструктивни белодробни болести.

– Поранешниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, ќе биде предвремено ослободен од затвор поради пандемијата на коронавирус. Остатокот од казната, до ноември 2021 година, Коен ќе го отслужи во домашен притвор.

– Градоначалникот на Лондон Садик Кан бара од британската Влада да ги смени насоките за маски за лице, оценувајќи дека граѓаните треба да ги носат.

– Од денеска во 15 часот до утре во 05 часот и утре од 15 часот до понеделник во 05 часот забрането е движење во Република Српска.

– Во САД има повеќе од 33.000 новозаразени со коронавирус. Вкупно се заразени 671.425 лица. Во последните 24 часа во САД, како последица на Ковид-19, починаа 2.424 лица, а смртниот билас изнесува 32.286, јави Си Ен Ен.

– Властите во Вухан соопштија дека во тој град починале 1.290 луѓе повеќе од што е објавено во статистиките, односно 50 отсто повеќе од претходно соопштеното. Според најновите податоци таму пшочинале вкупно 3.869 луѓе, а со новите пресметки е зголемен и вкупниот број на заразени, кој сега изнесува 50.333 лица, јави Гардијан.

– На третина од граѓаните во земјите од Г-7 намалени им се приходите поради пандемијата на коронавирус. Компанијата за истражување пазари Кантар соопшти дека 37 отсто од луѓето рекле дека имаат пад на приходи, а осум проценти дека останале без целиот приход.

– Јужнокорејските здравствени експерти ги проучуваат можните објаснувања за малиот, но растечки број лица, кои се опоравиле од Ковид-19, но на тестирањето на коронавирус се позитивни. Тие се склони кон мислењето дека станува збор за рецидив. Јужна Кореја досега извести за 141 таков случај.

– Полицијата во местото Андовер во Њу Џерси пронашла 17 тела во импровизирана мртовечница во еден од најголемите домови за нега на стари и изнемоштени лица. Тие 17 починати се дел од 68 неодамна починати во таа установа, од кои 26 имале позитивен тест на коронавирус. – Персоналот очигледно бил преоптоварен, а веројатно и недоволен, изјави шефот на локалната полиција Ерик Даниелсон.

– Албанија донесе измени во кривичниот закон, согласно кои лицата кои го прекршуваат карантинот или задолжителната самоизолација и зарази други лица со коронавирус може да добие до осум години затвор.

– Најнова студија покажува дека заболените од коронавирус кои се лекуваат со експерименталниот лек ремдесивир покажуваат брзи знаци на опоравување, објави Си Ен Ен. пациентите кои биле дел од клиничко истражување имале тешки респираторни симптоми и температура, но по примањето на лекот биле во толку добра состојба што за помалку од една недела биле отпуштени од болница.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски