Состојба со Ковид-19 до 19 часот: Заразени 2,3 милиони луѓе

Од:

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.372.991 лицa. Од нив починати се 163.636, а оздравеле 611.747 луѓе.

– Бројот на починати во болниците во Велика Британија надмина 16.000 лица, соопшти Министерството за здравство. Во последните 24 часа умреле 596 лица, што е најмало зголемување на дневна основа по речиси две недели, соопштија здравствените служби. Регистрирани се речиси 6.000 нови случаи на заразени, со што вкупниот број на инфектирани достигна 120.000 лица.

– Унгарија на 3 мај ја очекува кулминацијата на епидемијата на коронавирусот, а земјата дотогаш ќе има доволно респиратори, изјави денеска премиерот Виктор Орбан во видео на својот профил на Фејсбук. Орбан за време на посетата на  една болница кажа дека Унгарија наскоро ќе има 5.000 респиратори, а дека сега  има нешто над 2.000. Во Унгарија досега од Ковид -19 се заболени околу 2.000 лица, а умреа речиси 200.

– Бројот на починати од Ковид-19 во Холандија во последните 24 часа се зголеми за 83, што е најниско дневно зголемување од 26 март, јавија британските медиуми. Во оваа земја 3.684 луѓе досега умреа од инфекцијата на коронавирус. Холандија досега има регистрирано 32.655 случаи на инфекција, при што во последните 24 часа потврдени се повеќе од 1.066 лица.

– Либанскиот министер за внатрешни работи  денеска соопшти дека од понеделник ќе стапи во сила одлуката за скратување на полицискиот час за еден час, пренесоа американските медиуми. Оваа одлука се воведува пред почетокот на светиот месецот Рамазан, за време на кој муслиманите, кои се мнозинство од населението во Либан, постат од изгрејсонце до зајдисонце.

– Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 39 нови случаи на коронавирус, со што бројот на заболени се зголеми на 1.871. Од вчера се починати осум пациенти, од кои сите имале тешки хронични состојби, а од почетокот на епидемијата се умрени вкупно 47 лица, пренесуваат хрватските медиуми.

– До денеска во Швајцарија од Ковид-19 се починати вкупно 1.135 лица. Британските наведуваат дека позитивнио на коронавирус сега се 27.740.

– Во БиХ денеска се хоспитализирани нови 73 лица заради инфекција со коронавирус, при што најмладо е едно бебе од Завидовиќ. Бебето е родено годинава, нема симптоми и во моментов е во добра здравствена состојба, изјави консултантот за односи со јавност на федералното Министерство за здравство Златан Перси. Во изминатите 24 часа во ФБиХ, 603 лица биле тестирани за вирус, а седум биле потврдени за инфекција.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски