Состојба со коронавирусот во светот во 20 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 270.069 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 11.271, а оздравеле 90.603 лица.

Франција – Нови 78 смртни случаи во изминатите 24 часа.Вкупно 450 починати од новиот коронавирус досега.

Бразил – Властите најавија „нула“ стапка на раст поради Ковид-19

Британија – Владата ќе покрие 80 отсто од платите на работниците кои се заболени од Ковид-19.

Њујорк – Сега сите сме во карантин, изјаби гувернерот на американската држава Њујорк Eндрју Куомо. Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус двојно зголемен за три дена во САД – на 218 и над 14.600 заразени. Бројот на заразени во Њујорк е над 7.000.

Полска – До католички Велигден (12-13 април) ќе бидат затворени училиштата

Европа – Над 2.600 американски војници се во доброволен карантин во Европа.
БиХ – Во Федерацијата БиХ забранија луѓе над 65-годишна возраст и на млади под 18 години да излегуваат од домовите.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски