Состојба со коронавирусот во светот до 13 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 127.810 луѓе заразени со новиот коронавирус. Починати се 4.717, а оздравеле 68.335.

Пекинг – Врвот на епидемијата на новиот коронавирус во Кина помина и бројот на новозаразени продолжува да опаѓа. Пандемијата во светот би требало да заврши до јуни, оцени Владата во Пекинг

Австрија – Прв смртен случај на епидемијата – маж на возраст од 69 години кој престојувал во Италија. Досега се регистрирани 302 потврдени случаи.

Алжир – Прв смртен случај од новиот коронавирус. Вкупно има 24 заразени.

Албанија – Прекинати автобуските линии меѓу Тирана и Драч поради вирусот.

Австралија – Дезинфицирана е зградата на операта во Сиднеј бидејќи Том Хенкс и неговата сопруга престојувале таму.

Италија – Градоначалникот на Кодоња, италијански град во кој беа регистрирани првите случаи и се смета за епицентар на почетокот на епидемијата изјави дека се близу до победа над вирусот.

Црна Гора – Уапсен маж кој ширел лажни вести за коронавирусот во државата.

Полска – Прв смртен случај од новиот коронавирус.

Москва – Руско-европската мисија на Марс е одложена до 2022 година поради Ковид-19.

Шпанија – Министерка во Владата задолжена за еднаквост е заболена од Ковид-19. Во државата се затворени сите музеи..

Словенија – Словенечкиот премиер Марјан Шарец изјави на прес конференција дека државата и службено ќе прогласи епидемија. – Останете дома ако не е потребно да излегувате, нагласи Шарец. Потврдено беше за 82 регистрирнаи случаи.

Хрватска – Третата програма на ХРТ почна со онлајн лекции за деца од прво до четврто одделение.

Ирска – Ирска ги затвора училиштата, факултетите и други јавни установи од утре поради новиот коронавирус.

ОН – Советот на ОН за човекови права откажа одржување сесија поради Ковид-19

Мадрид – Реал Мадрид во карантин поради позитивен тест на коронавирусот.

Сиднеј – Мекларен се повлекува од Големата награда на Австралија поради член на тимот кој заболел од новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски