Состојба со коронавирусот до 10 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 199.409 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 7.997, а оздравеле 82.812 луѓе.

Кина– Земјата од која тргна вирусот пред околу три месеци, во последните 24 часа забележа само 12 нови случиа на заразени, од кои во Вухан имало само еден. Сите биле вратени од странство. Кинеските власти инсистираат сите што доаѓат од странство задолжително да минат 14 дена во карантин, но земјата засега не ги затвори границите. Министерството за здравство соопшти дека во последниот ден во земјата починале 11 лица.

Тајланд– Во последните 24 часа во оваа земја се регистрирани нови 35 случаи на заболени од вирусот што е најголема бројка во еден ден од почетокот на епидемијата. Вкупниот број на заразени изнесува 212 лица, а досега починало едно лице.

Пакистан– Педесет нови лица се инфицирани со коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број на заболени во земјата сега изнесува 245, соопшти портпаролот на Министерстото за здравство.

Премиерот Имран Кан и соопшти на нацијата да се подготви за пандемија, и брзо ширење на вирусот низ земјата во следниот период .

Камбоџа– Министерството за здравство во Пном Пен соопшти дека двајца Малезијци се позитивни на тестовите за коронавирус со што вкупниот број на заразени во земјата сега изнесува 35. Кралската палата соопшти дека од денеска се забрануваат туристички посети на земјата.Владата од претходно ги затвори училиштата, ,музеите, клубовите, кината …

Колумбија– Владата од денеска воведува вонредна сотојба и ги затвора сите граници до 30 мај во обид да го спречи ширењето на заразата.

Хрватска– Во земјата од ноќеска се регистрирани 12 нови случаи на заразени, од кои осуммина се лекари, а вкупниот број на заразени сега изнесува 81. Дури 132 лица ги прекршиле прописите за самоизлоација.

Бих– Полицаец земал мито за да пушти во земјата три лица кои требало да бидат во изолација. Полицаецот е уапсен.

Молдавија– Молдавија го пријави првиот смртен случај од коронавирусот. Досега како заразени се водат 30 лица.

Австрија– Нови 140 случаи на инфицирани со вирусот се пријавени во здравствените установи низ Австирија, а со што бројот на вкупно заразени сега изнесува 1.471. Ноќеска во покраината Горна Австрија била поднесена првата пријава за непочитување на владините мерки за ограничување на движењето, бидејќи едно 30-годишно лице било затекнато на железничката станица во градот Линц, кое тргнало во посета на пријател затоа што веќе не можело да седи дома во излоација. Казната за овој прекршок изнесувала 3.500 евра.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски