Состанок на СЗО во почетокот на септември посветен на справуавње со еболата

Од:

Светската здравствена организација соопшти синоќа дека во почетокот на следниот месец ќе одржи разговори за потенцијалните начини на лекување и вакцини, за да се спречи смртоносното ширење на еболата во Западна Африка.

Таа заразна болест досега уби 1.350 луѓе, од 2.473 случаи во четири држави – Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера леоне, покажуваат податоци на таа органзиација на ОН.

– Консултациите ќе бидат одржани за да се добијат стручни мислења за експериментални терапии и ванцини кои најмногу ветуваат во сузбивање на еболата во Западна Африка, се вели во соопштение на СЗО.

Состанокот е закажан за 4 и 5 септември во Женева.

Во разговорите во седиштето на СЗО ќе учествуваат повеќе од 100 експерти од областа на фармацевтски и клинички истражувања како и експерти за етички и правни и регулаторни прашања.

СЗО овој месец одобри употреба на нетестирани медикаменти за лекување заразени од ебола, но недоволните количини средства покрена прашање кој има предност во примањето третман.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа