Сопругата на ерменскиот премиер тргнува на воена обука, и таа ќе оди на фронтот

Од:

Сопругата на ерменскиот премиер Никол Пашинјан, Ана Хакобјан, ќе помине воена обука и ќе се приклучи на војската на својата земја на првата линија на фронтот во Нагорно Карабах, откако претходно тоа го стори нејзиниот син, објавија медиумите од земјата.

„Од утре одред од 13 жени, меѓу кои сум и јас, ќе започне воена обука. За неколку дена ќе тргнеме да ги браниме границите на татковината. Не смееме да му ја отстапиме на непријателот својата татковина и достоинството,“ напиша Хакобјан на својот Фејсбук-профил.

Сопругата на премиерот и претходно известуваше за ситуацијата во Нагорно Карабах, а неодамна објави снимка во која се појавува нивниот син Ашот, кој исто така замина да се бори на првите линии на фронтот.

„Ашот Пашинјан денеска заминува со доброволните одреди, со воен автобус на линијата на фронтот,“ напиша тогаш Хакобјан.

Утринава на боиштето на крвавиот судир по трет пат стапи на сила примирје, но тоа не беше почитувано ниту од ерменска, ниту од азербејџанска страна.

Би можело да ве интересира

Уште 188 руски војници испратени во Ерменија

Жарко Настоски

ВИДЕО: Азербејџански војник демолира куќа што ја напуштиле Ерменци

Жарко Настоски

ВИДЕО: Нови гневни протести во Ереван, уапсени десетици граѓани

Жарко Настоски

Од Ерменија во Нагорно Карабах се вратиле 4.400 лица

Ана Ололовска

Ерменскиот министер за одбрана поднесе оставка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Горат згради во пустиот град Агдам, кој му припадна на Азербејџан

Жарко Настоски