Сомнителни експлозивни направи испратени до Белата куќа, семјствата на Обама и на Клинтон

Од:

Федералните власти ги испитуваат сомнителните пакети со експлозивни направи испратени до Белата куќа, до поранешниот претседател Барак Обама и поранешниот кандидат за претседател на демократите Хилари Клинтон, соопшти Тајната служба.

Сомнителен пакет испратен до Белата куќа бил пресретнат во објект надвор од локацијата.

Пакетот за Клинтон бил пронајден доцна синоќа, додека тој кој беше упатен до Обама беше пронајден рано денеска, и двата откриени за време на рутинската проверка на поштата.

Белата куќа, во соопштение, ги осуди обидите за напади врз Обама и Клинтон.

– Тие терористички дела се подли, и секој што е одговорен ќе се соочи со законот, рече портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

За истрагата е задолжен ФБИ.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност