Сојузник на Путин го повика Навални на двобој

Од:

Поранешниот телохранител на рускиот претседател Владимир Путин и командант на руската Национална гарда Виктор Золотов го предизвика на дуел лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, и му порача дека од него ќе „направи добар, сочен бифтек“.

Золотов ја упати оваа закана преку Јутјуб, негирајќи ги обвинувањата на Навални за наводна корупција во Националната гарда, јави „Гардијан“.

– Никој не ви дал воспитна каква што заслужувате, толку силна што ќе ја почувствувате во црниот дроб. Едноставно те предизвикувам на двобој. Избери место. Ветувам дека за неколку минути од тебе ќе направам убав, сочен бифтек, вели Золотов на видеото објавено вчера.

Тој призна дека има „недостатоци во однос на корупцијата“, но ги отфрли тврдењата на Навални оти лично профитирал од сомнителни трансакции.

Кремљ се огради од зборовите на Золотов, велејќи дека тие не се поврзани со претседателот, но не го осуди рускиот генерал.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, изјави дека во зборовите на Виктор Золотов не гледа физичка закана.

– Знаете, понекогаш можете да користите различни методи за да се спротивставите на бесрамно клеветење, рече Песков.

Вербалниот напад на Золотов доаѓа два дена откако припадниците на руската Национална гарда заедно со полицијата упасија повеќе од 1.000 луѓе низ цела Русија, кои демонстрираа против предложените пензиски реформи, со кои за пет години ќе се зголеми старосната граница за пензионирање.

Пред да биде уапсен на крајот од минатиот месец, Навални повика на протести на национално ниво. Тој беше прогласен за виновен за кршење на законот за одржување на протести бидејќи, и покрај неодобрувањето на властите, тој организираше митинг во Москва на 28 јануари.t

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски