Социјалистичката партија на Мадуро со убедлива победа на регионалните и локални избори во Венецуела

Од:

Националниот изборен совет на Венецуела (ЦНЕ) денеска соопшти дека на локалните и регионални избори во земјата владејачката Социјалистичка партија на претседателот Николас Мадуро освоила 20 гувернери, додека три им припаднале на опозициските политичари.

Набргу по објавувањето на првичните резултати, левичарскиот претседател на земјата го прослави триумфот на владата, пренесуваат британските медиуми.

-Победата е импресивна, рече Мадуро во обраќањето до поддржувачите, додавајќи дека „мора да се слават добри победи“.

Само 41,8 отсто од регистрираните гласачи вчера излегоа на гласање, што е околу 8,1 милион избирачи, соопшти највисокото изборно тело во оваа јужноамериканска земја.

ЦНЕ претходно во текот на денот соопшти за „помали и изолирани проблеми“ при гласањето.

На регионалните избори во 2017 година, владејачката партија освои 19 гувернери, додека опозициските политичари освоија четири.

Британските медиуми анализираат дека последните изборни резултати се назадување за лидерите на опозицијата, кои се вратија во изборниот процес по бојкотот на претседателските избори во 2018 година и изборите за Конгресот во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски