Соботка под истрага поради партиско назначување на заменик директор на покраинска полиција

Од:

Обвинителството за економски криминал и корупција покрена истрага против претседателот на австрискиот парламент Волфганг Соботка, откако против него е поднесена поднесена пријава за злоупотреба на службената положба, јави дневниот весник „Ое24“. Тој ги негира обвиненијата.

Станува збор за партиско назначување заменик директор на покраинската полиција во времето кога Соботка се уште беше министер за внатрешни работи на Австрија.

Така, во 2017 година наместо кандидатот на Социјалдемократската партија беше назначен кандидат близок до Народната партија на Австрија.

Во фокусот на истрагата се пораки на месинџер што Соботка ги разменувал со неговиот тогашен шеф на кабинет Михаел Клоибмилер, кој исто така е осомничен во овој случај, што Обвинителството го отворило вчера.

Случајот се однесува на период кога Соботка беше министер за внатрешни работи, што значи дека нема да може да биде „заштитен“ со пратенички имунитет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче