Малави ќе ги искористи парите од продажбата на претседателскиот авион – 15 милиони долари, за да помогне во обезбедуавње храна за дел од најсиромашните во државата.
Според владин портпарол, одлуката е средствата да бидат искористени за купување пченка од локалните пазари и за одгледување зеленчук, како дел од борбата против недостигот од храна.
Околу 10 отсто од жителите на таа држава страдаат од недостиг на храна. Авионот со 14 седишта беше купен од претходниот претседател Бингу Ва Мутарика кој почина лани, за 22 милионa долари, а сега ќе биде продаден за 15 милиони долари.