Снежно невреме го погоди југозападниот дел на Велика Британија

Од:

Делови од југозападниот брег на Велика Британија денеска осамнаа под снег и беа зафатени од силен ветер кој корнеше стебла и електрични столбови, поради што беа блокирани повеќе патишта, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија.

Снегот падна во некои делови на покраината Девон, што, според Би-Би-Си, е „многу невообичаено“ за мај. Снежната покривка на некои места достигна и до пет сантиметри, а до локалните жители е упатено предупредување да се подготват за можни поплави.

Ветерот кој го погоди регионот дувал со брзина од над 100 километри на час. Во Девон и Корнвол, по обилните дождови во понеделникот, се уште е на сила предупредувањето за опастост од поплави во 14 места.

Метеоролозите за денеска прогнозираат постепено намалување на брзината на ветерот и на врнежите.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско