Десетици илјади луѓе во Естонија останаа без струја поради снежно невреме. Околу 13.000 домаќинства беа привремено без струја, соопшти националното претпријатие за комунални услуги.
Најпогодени се островите Саарема и Хиума во Балтичкото Море, а без струја останаа жителите на другите делови на балтичките земји членки на Европската унија. Во прекин беше патниот, железничкиот, бродскиот и воздушниот сообраќај.
Со оглед на временските услови, надлежните ги повикаа граѓаните да не користат автомобили и по можност да останат во затворени простории.
Метеоролозите предвидуваат дека во текот на денот ќе има уште слични временски појави.