Двајца студенти на Стенфорд во 2011 го претставиле својот проект – Снепчет, апликација која овозможува испраќање на фотографии и пораки кои се бришат без да остават трага за 10 секунди по отворањето.
Првата реакција – згрозување и неодобрување. Но по една година Боби Марфи и Иван Шпигел направиле богатство од својот Снепчет преку кој се испраќаат 50 милини пораки дневно.
Сите ми велеа дека идејата е грозна. Ми велеа дека ако некој го користи мојот изум тоа ќе биде само за секстинг, односно за испраќање на експлицитни сексуални содржини-вели Шпигел.