Снег го парализира сообраќајот во Австрија

Од:

Обилни снежни врнежи ги зафатија синоќа централните региони на Австрија, при што беше парализирано движењето на автомобилите на главните автопати, јавија австриски медиуми.

Стотици возачи заглавија во сообраќајниот метеж, претежно во покраината Долна Австрија. Голем број сопственици на автомобили поради топлото време и летните температури во март побрзаа да ги сментат зимските со летни гуми и сега станаа заложници на снежната бура.

За неколку часа беше прекинато движењето и на дел од патот меѓу Санкт Полтен и Виена.

Во едно од училиштата во градот Аланд брзата помош организира времен центар за преноќување на возачите на моторни превозни средства.

Невремето ги зафати и покраините Штаерска и Бургенланд, а во Виена врнеше снег помешан со дожд, кој засега не доведе до никакви проблеми во сообраќајот.

Метеоролозите предупредуваат дека не се очекува подобрување на ситуацијата во блиско време. Кон крајот на неделата во Долна Австрија и Штаерска температурите може да паднат и под нулата.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче