Сменет шефот на мисијата на ОН во Централноафриканската Република

Од:

Првиот човек на мисијата на ОН во Централноафриканската Република (ЦАР), Бабакар Гаје, денеска е сменет од должноста по серијата обвиненија за сексуални напади на „сините шлемови“ врз деца, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, цитиран од француските медиуми.

-На мое барање 64-годишниот Гаје ми ја врачи оставката, рече Бан Ки-мун пред новинарите во Њујорк.

„Не можам со збориви да ги изразам мојот гнев, болка и срам, кои ги преживувам од овие повторени обвиненија за сексуална експлоатација и силувања, вршени од силите на ОН“, рече генералниот секретар на организацијата.

-Нема да дозволам никакви махинации од страна на оние кои довербата ја менуваат со страв. До тука е. Доволно е!, изјави тој.

Веста за оставката доаѓа еден ден откако почна истрагата по обвиненијата за силување девојчиња и за убиството на 16-годишно девојче и нејзиниот татко, извршени од „сините шлемови“ во вооружена операција во главниот град на ЦАР, на почетокот на август. Во оваа акција за фаќање на поранешниот лидер на поранешната бунтовничка коалиција Селека во Банги беа убиени најмалку пет лица, вклучувајќи и еден војник на силите на ОН.

Сегашната истрага почна по мноштвото слични случаи, поврзани со „сините шлемови“ кои доаѓаат од Мароко и Бурунди.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска