Случајот со 13-годишниот Ахмед Манасра и палестинската „интифада на ножевите“

Од:

ДПА – Хамбург

Повеќето од десетиците Палестинци кои напаѓале израелски граѓани во изминатите шест недели се млади. 13-годишниот Ахмед Манасра, еден од најмладите, стана икона: за Израелците тој се обидел да убие израелско дете, а повеќето Палестинци ги опејуваат како жртва. Негови роднини, директорот на училиштето каде тој учи и сведоци, со кои зборуваше ДПА, ја откриваат вистината од различни гледни точки, како и мотивацијата зад нападите.

– Нема да го заборавам изразот на неговото лице, жедта за убиство, за крв – на 13-годишното дете. Во тој момент не ме интересираше колку години тој има. Прашањето беше или тој или јас, вели Шими Мизрахи, продавач во продавница кој притекол на помош.

Дваесет и пет годишниот Израелец раскажува како се исправил пред малиот Палестинец: „Тој со подигнат нож, а јас со дрвена палка, на помалку од еден метар меѓу нас“.

За Израелците, 13-годишниот Ахмед Манасра е напаѓачот кој се обидел да убие израелско дете на негова возраст и младинец на 20 години.

Снимките од безбедносните камери покажуваат како Ахмед и неговиот 15-годишен братучед Хасан трчаат по дваесетгодишниот Израелец облечен во бело. И двајцата во десната рака држат предмети кој наликуваат на ножеви. Израелецот беше серизоно ранет. Потоа на снимката се гледа како 13-годишно Израелче паѓа од велосипедот откако е турнато и сериозно повредено.

Ахмед и Хасан бегаат по улицата каде Ахмед е удрен од автомобил и фатен од минувачи кои го кутнуваат на земја, а Хасан е застрелан од граничар.

Снимката која се појави на социјалните медиуми покажува како Ахмед лежи над крвава дамка на шините на трамвајот во Ерусалем. Тој плаче, колената му се свиени. Израелските сили за безбедност стојат настрана очекувајќи да пристигне трамвајот. Збеснат израелски минувач вика на сиот глас.

За Палестинците, Ахмед стана симбол за она кое тие го нарекуваат трето палестинско востание, „интифада на ножевите“ или „интифада на личностите“.

Од почетокот на октомври, Палестинци изршиле десетици напади со ножеви врз Израелци. Повеќето од близу 60-те напаѓачи биле тинејџери или немале навршено 30 години.

Нападот од 13 ноември во источнот ерусалемски кварт Писгат Зеев стана можеби најекспонираниот случај од последниот бран насилства, и беше одбележан со многу дезинформации и пропаганда.

Оваа недела беа емитувани повеќе снимки како Ахмед плаче додека го испрашуваат. И во двата случаи, тој беше претставен во палестинските медиуми како жртва и снимката предизвика повици за одмазда и нови напади во следните денови.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху реагираше бесно на тврдењата на палестинскиот претседател Махмуд Абас дека Израел го егзекутирал Ахмед ладнокрвно и без причина. Според Израел, слични лажни информации и „провокации“ го распалуваат и продолжуваат насилството.

Ерусалем ја фрли вината за последниот изблик на насилства врз „отворените лаги“ за постоење на израелски планови за промена на статусквото со џамијата Ал Акса во Ерусалем, кои Израел ги изричито ги отфрла. Израел ги осудува радикалните муслимански лидери кои ги перат мозоците на младите за да ја „заштитат“ Ал Акса со тоа што ќе напаѓаат евреи со ножеви.

Палестинците ја фрлаат вината врз очајот кој владее кај младото поколение.

Насилствата ќе продолжат и се се оддолжат во бранови, но никогаш нема да сопрат „се додека има окупација“, а палестинците се чувствуваат потиснати, вели чичкото на Ахмед, 45-годиниот Јасер Махани, во неговиот дом во запуштеното предградие Бејт Ханина во источен Ерусалем, во соседство на отмениот Писгат Зеев.

-Тоа е бунт, вели тој. Исто ни зборува и дека истовремено верува на гласините дека израел „фабрикува“ напади со ножеви. „На крајот, многу од тие деца не се вмешани во нападите со ножеви. Тие се бранат. Тие (Израелците) вадат ножеви пред нив“, рече тој, искажувајќи го широко распространето убедување меѓу Палестинците.

Освен тоа, тој не верува дека Ахмед извршил напад со нож, иако четворица различни сведоци за ДПА рекоа дека го виделе нападот и секој од двајцата тинејџери имале кујнски нож со „острици од 30 сантиметри“.

Заради плачот на Ахмед, Тагред Мансра инситира на тоа дека не верува оти братучедите го извршиле нападот со ножеви. Таа кажа дека децата отишле во Писгат Зеев за да купат игра за Сони плејстешн. „Снимките од безбедносните камери исто можат да се монтираат“, вели таа. А што да кажеме за избоденото со нож изралеско дете, рането во артерија под пазувите, додека рацете му биле на воланот на велосипедот и било доведено во болница без пулс. „Не знам за тоа“, вели таа клатејќи со главата.

– Никој не верува дека се случило така како што се раскажува. Не знам многу за Хасан. Но Ахмед го познавам многу добро, вели 52-годишната жена, чиј најмал син е соученик и пријател во игрите со Ахмед. „Тој е многу срамежлив. Не е тип на момче кое дури и би помислило да направи нешто такво“.

Директорот на училиштето Нова генерација, каде учи Ахмед, прави се што може за да му даде позитивен опис на карактерот додека момчето се наоѓа во израелски затвор. Реонскиот суд во Ерусалем неделава го испратиле Ахмед во центарот за малолетни, кој е од затворен тип, се до почнувањето на судскиот процес.

– Ахмед беше тивок ученик, често стоеше сам не беше социјален, вели Мазен Џамџум. Тој бил слаб ученик, но имало напредок, „така што кога чув за тоа, се изненадив“, рече тој и го покажува последниот тест на ученикот. Ахмед добил оценка 6 од 10, што се смета за добар резултат за неговите можности.

Но Мизрахи го видел нападот пред слаткарницата во која тој работи, и истрчал надвор со тенка кратка дршка од метла и застанал пред братучедите кога тие се наведнале над изралеското дете. Тој вели дека никогаш нема да го заборави лицето на Ахмед во тој краток миг додека стоеле еден спрема друг. 

Би можело да ве интересира

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН