Словаците во паника дека ќе треба да одат во војска доколку дојде до воен конфликт во Украина

Од:

Словаците масовно се изјаснуваат како пацифисти, по изјавата на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој во врска со конфликтот во Украина предупреди дека е можно да дојде до војна со големи размери, јави дописникот на МИА од Прага.

Масовните изјави на словачките мажи до надлежните воени органи почнаа да пристигнуваат откако на социјалните мрежи се рашири повик за одбивање на вонредна воена служба кое наводно е можно само до крајот на јануари.

– Не го пропуштајте 30. јануари 2015 година, во спротивно ќе мора да одите во војна и да убивате луѓе, се вели во драматичните повици на интернет, по што луѓето до разни локални и државни органи почнаа масовно да пишуваат дека не сакаат ,,да одат во сигурна смрт”.

Иако локалните медиуми во овој контекст пишуваат дека воената обврска во земјата е укината, сепак државата во случај на војна може да ги повика военоспособните мажи да се вооружат.

Дел од официјалните лица изјавија дека под влијание на околностите во Украина беспотребно се рашири паника.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина