Слаб одѕив на протестот на шведскиот огранок на Пагида во Малме

Од:

Шведскиот огранок на антиисламското движење Пегида синоќа го одржа првиот протест во градот Малме, на кој учествуваа околу 100 лица.

Според полицијата, на контрапротестите учествувале околу 4.000 луѓе.

Еден од ораторите на митингот на Пегида бил галеристот Хенрик Ронкист, кој минатата година е казнет поради изложба на слики од уметникот Дан Парк. Сликарот беше осуден на шест месеци затвор поради поттикнување расна омраза со потценувачко навредување на Роми и Африканци.

Полицијата постави заштитни огради околу собирот на Пегида, а учесниците фрлале со јајца врз полицајците, но нема повредени.

Контрадемонстрантите скандирале „НЕ на расистите низ нашите улици“, исвиркувајќи ги приврзаниците на Пегида.

Во една од црквите во Малме била одржана и литургија за солидарност со муслиманите во Шведска.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност