Скоптланд јард не го истражува исчезнувањето на братот на Ким Јонг-Ун

Од:

Полицијата на британската престолнина „не отворила истрга“ за наводното исчезнување на постариот брат на севернокорејскиот челник Ким Јонг-Ун, Ким Јонг-Чол, кој во текот на седмицава бил на два концерта на музичката легенда Ерик Клептон во Лондон, соопштија во саботата од нејзината служба за односи со јавноста.

„До нас не е дојдена информација за исчезнува на човек со тоа име. Оттаму, не се преземаат дејствија за негово пронаоѓање“, изјавиле за агенцијата ТАСС од Скотланд јард.

Претходно во саботата јужнокорејските медиуми, а потоа и најреномираните британски весници како Guardian, Independent, Daily Telegraph и многу други, пишуваа за тајната посета на 34-годишниот Ким Јонг-Чол на Лондон каде присуствувал на два концерта на Ерик Клептон.

За него отпорано е познато дека е голем обожавател на Клептон, на чии концерти бил виден и во Германија и Сингапур, во 2006 односно 2011 година. Се шпекулира и дека Јонг-Чол ја поканил британската музичка легенда да одржи приватен концерт во севернокорејската престолнина Пјонгјанг.

„Ким Јонг-Чол со ништо не се издвојуваше од масата други поклоници на музиката Клептон, и покрај тоа што околу него секогаш беа неколку соработници облечени во обична облека“, пишува новинарот на BBC Сајмон Патерсон кој во четвртокот бил на концертот на Клептон.

„Никој од нив, по ништо не изгледаше како поклоници на гитаристот и сосема отскокнуваа од севкупната слика. Но и покрај тоа, братот на челникот на Северна Кореја очигледно добро се забавуваше и ги потпевнуваше сите песни“, пишува уште Патерсон.

Јужнокорејските медиуми пишуваа дека Ким Јонг-Чол бил во друштво на девојка, облечен во спортска маичка, црни пантолани и куса кожна јакна. Според нив тој во саботата требало да се врати во Северна Кореја со лет преку Москва или Пекинг, но личност со тоа име немало на ниедна од листите со патници од Лондон кон овие дестинации. Јужнокоројеските новинари кои дежурале на аеродромите очекувајќи го Ким, не успеале да го откријат, па претпоставуваат дека или користел лажен пасош и бил маскиран или во последен момент ја променил маршрутата.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња