Сиромашната држава Комори донираше симболични 100 евра на Кина за борба против коронавирусот

Од:

Малата островска држава Комори донираше симболични 100 евра на Кина за да помогне во борбата против ширењето на коронавирусот.

Церемонијата за предавање на донацијата се одржа во главниот град Морони на почетокот на јануари, но за тоа локалните медиуми објавија во последните денови.

Делегација предводена од Ахамад Мса М’лива му врачи симболична сума од 100 евра на кинескиот амбасадор за набавка на заштитни маски.

– Ние го знаеме капацитетот на Кина, овој симболичен гест е всушност показател колку Комори е загрижена поради епидемијата, рече М’лива.

Тој ги пофали кинеските власти поради одличната комуникација и соработка со меѓународните организации во борбата против ширењето на коронавирусот.

Комори е островска држава во јужна Африка. Се наоѓа во Мозамбискиот канал меѓу островот Мадагаскар и африканското копно.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Ново барање на газдите: Да ни се намалат придонесите за плати за да не мора да увезуваме работници од Непал и Турција

Орце Костов