Сириските студентски организации започнаа кампања за чистење на градските квартови во Хомс и организираа парада низ градот

Од:

Националниот синдикат на сириските Студенти започна вчера волонтерска кампања за чистење и рехабилитација на просторот во градот Хомс, кој е силно погоден од борбите меѓу вооружени бунтовници и армијата кои траеја во градот со месеци. Спорадични судири и натаму продолжуваат да се случуваат на поедини локации надвор од градот.

Студентски волонтерски тим од околу 250 студенти почна со чистење на паркови и улици. На бројни ѕидови го насликаа знамето на Сирија како симбол на победата на вооружените сили против бунтовниците кои едно време држеа под контрола значителен дел од градот Хомс. Организирана е и прикладна церемонијата на давање подароци на припадниците на војската кои се се уште во градот. Исто така организирана е и парада со дувачки оркестар која обиколи неколку населби.

Акцијата започна во квартот Баба Амро, кој ќе биде запаметен како главно упориште на бунтовниците пред неколку месеци. “Се собравме тука во име на татковината и на сириското знаме кое не обединува сите нас”, порачаа учесниците во акцијата. Истакнуваат дека ќе сторат се што можат за да го вратат живот во нормала во Хомс што поскоро, и дека целта е да се “обнови Хомс за да се живее во него уште подобро од пред што го заседнаа терористичките групи”, пренесува САНА.

По убедливата победа на сириската армија во градот Хомс, која од многу причини беше пресвртница во однос на силите на теренот, поголемиот дел од бунтовниците од тој и другите области прејдоа во градот Алепо каде што и понатаму се водат најжестоките борби од почетокот на сириската криза.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски