Сириските бунтовници зазедоа поголем дел од важна воена база

Од:

Сириските бунтовници зазедоа поголем дел од воена база во стратешки важната провинција Хомс, во близина на границата со Либан, соопштија сириски активисти.

Група активисти од Опсерваторијата за човекови права, со седиште во Лондон, објави дека бунтовниците по повеќенеделните борби со силите на режимот ја презеле контролата врз поголем дел од воениот комплекс Даба.

Во судирите за време на вчерашниот ден, при обидот да го одбијат нападот на бунтовниците на споменатата воена база, силите на претседателот Башар Асад, убија најмалку 27 лица, соопштија претставници на сириската опозиција.

Даба е поранешна база на военото воздухопловство и во нејзиниот состав се наоѓа аеродром, кој меѓутоа, не е користен во текот на двегодишниот судир меѓу силите на Асад и бунтовниците.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски