Сириските бунтовници со ракети ја гаѓаа Канцеларијата на претседателот

Од:

Бунтовничките сили на Слободната армија на Сирија (FSA) извршија ракетен напад врз Народната палата на висорамнината над Дамаск, зграда во која е сместена канцеларијата на актуелниот претседател Башар ал-Асад.

По нападот, во близина на палатата се собраа голем број на војници лојални на сирискиот режим.

Се уште не е познато дали истреланите ракети ја погодиле палатата, додека на интернет се појави видео снимка која покажува напад врз претседателската палата.

Воената единица “Силите на Дамаск”, која ја нападна канцеларија на претседателот, е позната и како единица која дејствува во склоп на бунтовничката бригада “Спас за Дамаск.”

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски