Сириските бунтовници со пукање во воздух растурија граѓански протест во Алепо

Од:

Сириските бунтовници стрелаа во воздухза да го растурат граѓанскиот протест во населбата под нивна контрола Бастун ал Каср во градот Алепо, организиран поради блокирањето на помошта во храна и лекови за реоните контролирани од владините сили.

Бунтовниците веќе со недели ги запираат испораките на помош за западните делови на Алепо, кои се под контрола на владините сили. Цел на нивната тактика е да се отсечат патиштата за снабдување на владините сили, но како резултат на тоа илјадници граѓани сега гладуваат, тврдат учесниците на протестот.

Видео снимка, објавена на Интернет, покажа десетици цивили како протестираат во Бустан ал Каср пред контролен пункт на бунтовниците, на кој се запираа помошта за западниот дел на градот, каде живеат два милиони лица.

Според активист на опозициската група „Мачениците на Алепо“, бунтовниците стрелале врз демонстрантите, убивајќи едно и ранувајќи неколку лица.

Локален жител, меѓутоа, изјави дека човекот бил застрелан со снајпериска пушка уште пред протестот, кога се обидел да мине меѓу бунтовничката и територијата под контрола на владините сили.

Би можело да ве интересира

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск