Сириските бунтовници со автобуси го напуштаат „котелот во Алепо“

Од:

Екстремистите од групата „Фатах Халеб“ го предале практично целиот преостанат дел од „котелот на Алепо“ и со автобуси со напуштаат градот, заедно со своите семејства.

Ова е последица на спогодбата што изминатата ноќ ја склучија руската и турската влада, информира либанската агенција АМН, пренесува бугарски „Блиц“.

Единиците и формациите на терористите предале четири реони и под контрола на Дамаск веќе се наоѓаат 85 отсто од територијата на Источно Алепо. Ослободен е и целиот историски Стар град, северно од Цитаделата.

Дел од нив, меѓутоа, одбиле да заминат за Идлиб, и преку обезбеден 700-метарски коридор преминуваат од североисточниот дел на Алепо во југоисточниот дел на градот, се уште контролиран од терористите. Овој коридор се наоѓа меѓу Цитаделата и болницата ал-Ајан.

Според руско-турската спогодба, сириските владини сили веќе ги контролираат квартовите Ал-Фарфара, Карм ал-Џабал, Баб Хадид и Афиун, информира АМН.

Би можело да ве интересира

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск