Сириски умерени исламистички бунтовници и Исламска држава по првпат постигнаа договор

Од:

Сириски умерени исламистички бунтовници и џихадисти припадници на Илaмска држава постигнаа по првпат договор за меѓусебно ненапаѓање во јужното предградие на Дамаск, Хаџар ал-Асвад, соопшти Сириската невладината организација за заштита на човековите права со седиште во Лондон.

Според тој договор двете страни ќе го почитуваат примирјето додека не пронајдат конечно решение и нема да се напаѓаат меѓусебно.

Сириската вооружена опозиција своевремено ги поздрави џихадистите меѓу кои и оние од Исламска држава, кога пристапија во борбата против режимот на Асад.

Но, џихадистичкото интерпретирање на силамот и обидот да доминираат над освоените територии предизвикаа отпор од други бунтовнички групи и од почетокот на годинава има конфронтација со нив.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати