Сириски исламисти запалија статуи и крстови во две христијански цркви

Од:

Сириска џихадистичка бунтовничка група, поврзана со терористичката мрежа Ал каеда, запали статуи и крстови во две цркви во Рака и ја искршија камбанаријата на еден од христијанските храмови, соопшти проопозициска невладина организација.

Сирискиот центар за набљудување на човековите права соопшти дека борци од „Исламска држава во Ирак и Леванта“ осквернавиле две цркви во северниот сириски град, кој е под контрола на групата.

Христијанското малцинство во Сирија е објект на напади од почетокот на бунтот против претседателот Башар ал Асад, претежно од страна на радикални бунтовници.

Би можело да ве интересира

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск