Сириската опозиција подготвена за преговори со Асад

Од:

Лидерот на главната опозициска сириска коалиција Ахмад Муаз ал Хатиб изјави денеска дека е подготвен да преговара со претставници на претседателот Башар Асад ако властите ослободат десетици илјади затвореници.

– Во знак на добра волја за изнаоѓање политички излез од кризата, сметам дека сум подготвен за директнен дијалог во Каиро, Тунис или Истанбул со претставници на сирискиот режим, наведува Хатиб на својата Фејсбук страница.

Лидерот на коалицијата поставува два услова: ослободување на 160.000 луѓе уапсени во врска со бунтот против режимот и продлжување на валидноста на пасошите за Сиријци кои се вон границите на државата.

Високи сириски претставници објавија оваа недела дека членови на опозицијата може да се вратат во Дамаск за учество на национален дијалог и оти сите обвиненија против нив ќе бидат повлечени.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски