Сириската опозиција бара воздушни напади врз ИД

Од:

Сириската опозиција синоќа повика на неодложно започнување воздушни напади врз екстремисти на групата Исламска држава во Сирија, која контролира повеќе села во северниот дел на земјата, истакнувајќи дека времето е од суштинска важност за избегнување катастрофа.

– Мора итно да започнеме воздушни напади во Сирија. Додека зборуваме Исламска држава под опсада држи стотина илјади цивили во северниот дел на Сирија, во регионот Кобане, изјави претседателот на Сириската национална коалиција Хади ал Бахра.

Бахра на конференција за новинари во седиштето на ОН во Њујорк изјави дека времето е од суштинско значење за да се избегне катастрофа. Според него, исламските борци напредуваат многу брзо и предизвикуваат голема хуманитарна криза во Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати