Сириската опозиција бара повлекување на Башар ал ал Асад како услов за враќање на мирот во земјата

Од:

Главниот преговарач на сириската опозиција Наср ал-Харири денеска изјави дека повлекувањето од власт на претседателот Башар ал Асад е предуслов за враќање на мирот во Сирија, јави ТАСС.

– Не е можно човекот што ја разурна Сирија и е одговорен за смртта на илјадници Сиријци да остане на власт, изјави Харири во Москва пред средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Според него, сириската опозиција ја поддржува резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, но не се согласува „тој човек да биде награден и да продолжи да биде легитимен претставник на сирискиот народ“.

Шефот на т.н. Сириски комитет за преговори изрази уверување дека Русија би можела да промовира дијалог кој ќе доведе до политичко решение. Според Харири, следниот круг меѓусириски преговори треба да се одржи само откако ќе биде формирана комисијата за изготвување на нов устав на Сирија.

Утре, во Истанбул, ќе се одржи самит посветен на Сирија меѓу Турција, Русија, Франција и Германија, на кој ќе се разговара за формирање уставна комисија и ќе се договора патна карта за политичко решавање на кризата.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски