Сириската опозиција бара од ОН да реагира поради хемиското оружје

Од:

Сириската опозиција денеска побара од Советот за безбедност на ОН веднаш да преземе соодветни чекори, откако САД соопштија дека режимот на претседателот на Сирија, Башар ал Асад веројатно употребил хемиско оружје.

– Време е Советот за безбедност на ОН да реагира, истакна официјален претставник на сириската опозициска Национална коалиција.

Активностите на СБ на ОН по прашањето за Сирија се блокирани повеќе од две години, бидејќи неговите членки Русија и Кина го поддржуваат Асад, ставајќи вето на неколку предлог-резолуции, со кои требаше да се воведат санкции кон сирискиот режим.

– ОН треба веднаш да започне истрага за употреба на хемиско оружје. Ако откријат дека режимот употребил вакво оружје, мора веднаш да реагираат, најмалкусо воспоставување зони за забранети летови, додаде опозицскиот функционер.

Опозиционерот додаде дека ако СБ на ОН не може да ги отстрани пречките во функционирањето, тогаш треба да им се отвори пат на другите, како што е НАТО, за да реагираат.

Истовремено, британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека зголемениот број на докази за употреба на хемиско оружје од страна на режимот на Асад „се исклучително сериозни“, притоа повикувајќи на зајакнат меѓународен притисок врз сириските власти.

Опозициската Национална коалиција го обвинува режимот за употреба на хемиско оружје во северната провинција Алепо, во Хомс и во областите околу Дамаск кои се под контрола на бунтовниците.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск