Сириската армија уби најмалку 50 лица во градот Хама

Од:

Сириските безбедносни сили убија најмалку 50 луѓе, меѓу кои 21 лице од три семејства, за време на борбите со бунтовниците во градот Хама, соопштија активисти и ликални жители.

При нападите армијата навлезе во квартот Арбаин и уби членови на три семејства, изјави локалниот жител Абу Амар.

Друг жител на Хама истакна дека борбите продолжуваат и бунтовниците побарале помош од борци во другите делови на градот.

Сириските сили рано изутринава го гранатирале квартот Арбаин.

Не можеме да побегнеме и многу семејства се блокирани во своите домови, изјави еден од жителите.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски