Сириja ќе употреби хемиско оружје само со случај на странска агресија

Од:

Сирија ќе употреби хемиско оружје само во случај на странска агресија, изјави портпаролот на сириското Министерство за надворешни работи Џихад Макдиси, цитиран од светските агенции.

„Никакво химиско или неконвенционално оружје нема да се употреби против нашите сопствени граѓани. Овие оружја ќе се употребат само во случај на странска агресија. Тие никогаш нема да се употребат приотив нашите граѓани, каков тек или развој да добие кризата“, изјави Макдиси на прес конференција во Дамаск.

„Овие оружја се складирани и чувани под надзор на вооружените сили и ќе се употребат само ако Сирија биде исправена пред надворешна агресија“, повтори портпаролот.

„Генералите ќе одлучат кога и како ќе се употребат овие оружја“, прецизира Макдиси.

Белата куќа неодамна го предупреди Дамаск дека на режимот на Башар Асад ќе му биде побарана одговорност доколку не ја гарантира безбедноста на сирискиот арсенал од химиско оружје.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски