Сирија го преместува хемиското оружје

Од:

Сиријската армија превзема мерки за да го обезбеди својот арсенал на хемиско оружје, наведуваат израелски разузнувачи.

Иако Дамска никогаш не призна дека поседува хемиско оружје, јавна тајна е дека Сирија располага со најголем арсенал од ова оружје во арапскиот свет, а се состои од иперит, сарин, табун и гасот в-икс.
Сите овие гасови според наводите на официјални лица од Израел, се тестирани и со нив се наполнети боевите глави на ракетите.

Американски извори тврдат дека сиријската војска почна да преместува дел од резервите надвор од воените складишта. За разлика од американците кои стравуваат дека Асад размислува да употреби хемиско оружје против бунтовниците, Израелците тврдат дека режимот во Сирија ги презема потребните чекори за да го обезбеди овој арсенал да не падне во погрешни раце.

„Оружјето се преместува и е под контрола на доверливи воени единици во чија лојалност Асад не се сомнева“, тврдат Израелците.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски