Сирија ги тестираше своите ракети

Од:

Сириска телевизија емитуваше снимки од разни ракети истрелани од копно и од брод, додека сирискиот министер за одбрана Давид Абдулах Рахиџиа ги набљудуваше овие вежби.

„Поморски сили ги спроведoa своите оперативни вежби во саботата. Користеа боеви глави и истрелаа ракети од морето, брегот, подржани од хеликоптери и бродови. Се симулираше сценарио за одбрана од ненадеен напад од морето“, објави сириската новинска агенција „Сана“ додавајќи дека маневрите ќе продолжат и во наредните неколку дена.

Сириската опозиција веднаш се огласи со барање за зони во коие ќе се забранат летови и, напад од НАТО врз Сирија, сличен на оној во Либија, минатата година.

Иако Асад се соочува со обвнинение за кршење на човековите права, казни и санкции од меѓународниот суд за човекови права, сепак западниот арапски свет не покажува желба да му се спротивстави и да ги поддржи барањата на опозицијата.

Денеска во Сирија загинаа повеќе од 30 лица во бомбашките напади и судири меѓу бунтовниците и власта, според информациите на Сириската опсерваторија за човекови права.

 

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски