Сирија ги брка странските амбасадори

Од:

Сирија одлучи да и го врати ударот на Меѓународната заедница, по минатонеделното протерување на сириските амбасадори од земјите на престој. Таа ги прогласи за непожелни на својата територија дипломатите од 17 земји, меѓу кои САД, Велика Британија, Франција и Турција.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад во својот говор ги обвини странските сили за мешање во внатрешните работи на Сирија со цел да ја поделат.

Сепак, сириското министерство за надворешни работи соопшти дека Дамаск се уште е отворен за понатамошна соработка со земјите кои ќе ги повлечат своите дипломати од Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски