Сирија била информирана од САД за воздушните напади против ИД

Од:

Официјален Дамаск бил информиран од Вашингтон за американските воздушни напади на територијата на Сирија и врз позиции на групата Исламска држава (ИД), соопшти денеска сириското Министерство за надворешни работи.

– Американците го информираа претставникот на Сирија во ОН дека ќе бидат извршени напади врз терористичката организација ИД во градот Рака, наведува Министерството во своето соопштение.

Во воздушните напади на сириска територија заедно со САД учествуваат пет арапски држави: Јордан, Бахреин, Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати и Катар.

Според американски официјален претставник, натамошните напади на САД и нивните партнери во Сирија може да вклучат околу 20 цели, потврдувајќи дека се нападнати градот Рака, кој е бастион на џихадистите во североисточниот дел на Сирија, како и област во близина на границата со Ирак.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати