Сирија: 30 загинати во експлозија

Од:

Повеќе од 30 луѓе, цивили и припадници на милицијата загинаа вечерва во експлозија на автомобил-бомба во градот Салмиех во источната сириска провинција Хама.

Високо сириско официјално лице потврди за АФП дека во нападот се убиени десетици луѓе, а сириската опсерваторија за човекови права тврди дека целта била една зграда која ја користат борците лојални на режимот.

Истиот извор ги изнесе првите проценки, према кои, погинале “30 припадници на вооружената милиција во експлозија на автомобил-бомба пред нивниот штаб во Салмиех”.

Повикувајќи се на болнички извори, Сириската опсерваторија наведе дека меѓу загинатите има и цивили и дека бројот на жртвите може да ја надмине бројката од 50, со оглед на повеќе десетици повредени од кои некои се во критична состојба.

Сириската државна агенција САНА, исто така, објави дека во оваа експлозија е”активиран терористички автомобил-бомба во срцето на Селмиах и дека има голем број на мртви и ранети.”

Малку порано вечерва, италијанската агенција АНСА објави дека се случила уште една експлозија на автомобил-бомба во Сирија и тоа во Думар, предградие на Дамаск, како и, според првичните извештаи, има повеќе погинати.

Оваа втора експлозија, според италијанската агенција, се случила во дел од градот во кој живеат семејствата на службениците на сириската служба за безбедност.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски