Сингапур објави војна против екстремниот кибер тероризам

Од:

Поради се поизразената нетрпеливост што во социјалните мрежи се шири во југоисточна Азија, а која не го одмина ни мултирелигиозниот Сингапур, властите во петмилионската град-држава објавија војна против екстремниот кибер тероризам. Појавата стана загрижувачка по ескалација на исламистичката пресметка во Ирак, а пред тоа имаше и повици за регрутирање на „доброволци“ за граѓанската војна во Сирија.

Сингапурските власти најмногу стравуваат од можното влијание на прилично радикалните муслимански групи во Џохор Бару, малезиска провинција која е непосреден сосед на Сингапур. Некои овдешни медиуми изразија сомнеж дека меѓу регрутираните „борци’’ во Сирија, меѓу десетици жители на Малезија имало и неколку млади луѓе од Сингапур.

Запрашан во врска со состојбата на овој план, сингапурскиот премиер Ли Хсиен Лунг изјави дека државата внимателно го следи развојот на настаните.

– Може да мислите дека она што се случува во Сирија и Ирак е многу далеку од овде, но работите на Блискиот Исток имаат свој начин за испраќање вибрации на голема далечина, а ревибријациите можат да не погодат нас во Југоисточна Азија,  изјави сингапурскиот премиер. Според него, за околу 15 отсто Сингапурци со исламска вероисповед, задолжен е Исламскиот Религиозен Совет кој, според премиерот  Лунг коректно си ја врши работата.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг