Синдикатот „Солидарност“ протестира против „интервенцијата“ на ЕУ во полскиот пензиски систем

Од:

Над 1.000 членови на полскиот синдикат „Солидарност“ денеска протестираа пред зградата на Европската комисија во Варшава против нејзиното „мешање“ во полскиот пензиски систем, во кој возраста за пензионирање на мажите и жените различно е димензионирана, пренесоа француските медиуми.

Во неодамнешната реформа на полскиот пензиски систем, што беше протуркана од владеачкото конзервативно националистичко мнозинство, возраста за пензионирање се позиционира на 65 години за мажите и 60 години за жените. Претходната центристичка Влада возраста за пензионирање ја имаше определено на 67 години за двата пола.

Во својата критика за другата спорна реформа во Полска, онаа за судскиот систем, Европската комисија соопшти дека таа соддржи „дискриминациски елементи“ заради различната возраст за пензионирање на мажите и жените.

„Синдикатот „Солидарност“ за недозволиво го смета тоа Полска да биде прекорувана за дискриминација во утврдување на разликата во возраста за пензионирање кај мажите и жените. Мешањето во демократските решенија во Полска е законски необислено“, се наведува во писмото до претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, што беше прочитано пред демонстрантите.

Лидерот на „Солидарност“, Пјотр Дуда, подвлече дека одлуката на конзевативците „е во согласност со Уставот, законите и демократските одлуки на Полјаците и Полјакините“.

-Тоа не е дискриминација, туку, напротив, привилегија од која корист имаат жените во Полска, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне