Силното невреме цела Јужна Австралија ја остави без струја

Од:

Моќната бура што ја зафати Јужна Австралија без електрична енергија ја остави цела држава, пренесоа светските агенции.

Државата Јужна Австралија, во која живеат 1,7 милион луѓе, беше зафатена од силен ветар и пороен дожд. Бурата доведе до прекин на електричната енергија, предизвика и хаос по патиштата, луѓето ги заглави по лифтовите, а властите ги натера да ги предупредат жителите да не излегуваат надвор, посочуваат американските медиуми.

– Ова очигледно е доста големо невреме, кога може да оштети толку многу инфраструктура и да разурне толку многу од системот, рече премиерот на државата Џеј Ведрил.

Специјализирани екипи работат на обновата на електричната енергија, но отстранувањето на штетите веројатно ќе одземе часови и часови, изјави тој.

Метеоролозите очекуваат лошото време да продолжи до утре со ветар со бризина над 100 километри на час и врнежи до 10 сантиметри.

Според нив, оваа бура може да се покаже како најсилната во Јужна Австралија во последните 50 години, забележа ТАСС.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он