Силно невреме на југот на Бразил: Загинаа 13 лица, меѓу кои и четиримесечно бебе

Од:

Најмалку 13 лица загинаа, а три се водат како исчезнати по невремето што го погоди јужниот дел на Бразил, соопштија властите во неделата. Постојаните дождови и силниот ветер предизвикаа штети во десетици општини во државата Рио Гранде до Сул, вклучувајќи го и нејзиниот главен град Порто Алегре.

„Бројот на загинати се искачи на 13, вклучително и четиримесечно бебе, по откривањето на две тела во градот Кара, кој се наоѓа во еден од најтешко погодените региони“ соопшти Цивилната заштита на оваа сојузна држава која граничи со Уругвај и Аргентина.

„Потрагата продолжува“, велат тие.

Локалните медиуми објавија слики од автомобил кој го носел силниот ветер во близина на гробиштата.

„Водата ни се искачи до половината во куќата. Фала му на Бога, пожарникарите дојдоа брзо и нè ставија во кануата. Се чинеше како кошмар“, изјави жител на градот Сао Леополдо за весникот Естадао.

Другите луѓе се евакуирани со хеликоптер. Оштетени се домовите на речиси 5.000 жители, а во неделата околу 84.000 луѓе се уште беа без струја. Околу 800 од нив се евакуирани како мерка на претпазливост. Гувернерот на сојузната држава Едуардо Леите во саботата, по хеликоптерското извидување на најзагрозените области, објави дека четиримесечно бебе починало поради недостиг на навремена медицинска помош.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи