Силни снежни врнежи во делови на Австрија

Од:

Силни снежни врнежни зафатија денеска делови на Австрија, при што предизвикаа потешкотии во сообраќајот и доведоа до зголемувањето на нивото на предупредување поради опасност од лавини.

Во Виена надлежните власти прогласија целосен степен на готовност поради снежната бура, која донесе големи колични снег.

Од утринските часови 1.380 припадници на службата за одржување на патиштата со 350 возила го чистат снегот и се грижат за проодноста на главните сообраќајници. Забележани се доцнења во градскиот превоз поради снежните врнежи.

Во австриската покраина Корушка нивото на предупредување од лавини, на височина од над две илјади метри е зголемено на четвртиот степен на скала од пет.

Иста е ситуацијата и на планините во покраината Долна Австрија и Тирол, каде новите количини снег и бурата ја зголемија опасноста од лавини.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче