Силна експлозија во Стокхолм

Од:

Силна експлозија се слушна денеска во шведскиот главен град Стокхолм, јавија локалните медиуми повикувајќи се на  изјави на сведоци.

Како што пренесува Танјуг, не е познато дали имало жртви или материјална штета од експлозијата, чија причина полицијата се уште не ја утврдила.

Очевидците за експлозијата изјавиле дека била многу силна и се случила на улицата Бренкиркагатан во 11:40 часот по локално време, објави весникот Афтонбладет.
– Не е јасно што се случи, рече официјален претставник на полицијата Албин Неверберг за Афтонбладет. 

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност