ВИДЕО: Силен земјотрес во Романија, почувствуван и во Скопје

Од:

Денеска околу 14 часот и 17 минути земјотрес од 5.7 степени по Рихтер ја погоди Романија.

Земјотресот се случил на 11 километри северозападно од градот Târgu Jiu.

Земјотресот е почувствуван во Србија и во Македонија, а граѓаните јавуваат дека потресот го почувствувале во Белград, Нови Сад и Скопје.

Српските медиуми јавуваат дека во Србија владеела паника и дека зградите силно се нишале.

„Живеам во 18-катница, на 6-ти спрат не ми беше сеедно, можам да замислам како се се тресеше на врвот на зградата“, изјави за српски Телеграф жена од Панчево.

„Во куќата ми се тресеше се, па дури и фрижидерот. Се исплашив. Не се чувствувам добро“, вели една белграѓанка.

Жителите од Скопје, особено оние кои живеат во висококатници исто така го почуствувале земјотресот. Велат дека долго време се нишало.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет